НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политички земјотрес во Чешка

0
By Нова ТВ on June 18, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политички земјотрес во Чешка

Политички земјотрес се случува во Чешка по оставката на премиерот Петар Нечас. Раководството на владејачката коалиција се надева дека ќе успее да состави нов министерски кабинет и дека ќе добие поддршка од 101 пратенички глас во собранието.

Опозицијата бара распуштање на собранието и вонредни парламентарни избори откако веќе отпадна нејзината иницијатива за изгласување недоверба на владата, за што собраниска седница беше закажана за утре.

Премиерот Нечас поднесе оставја по избивањето на корупциски скандал во најблиското опкружување на премиерот. Минатиот четврток полицијата во ноќна рација во седиштето на владата, канцелариите на влијателните лобисти и во неколку државни компании уапси осуммина политичари и високи државни чиновници. Полицијата во триесетина рации досега запленила меѓу 4,7 и 5,8 милиони евра, како и десетина килограми злато.

Јана Наѓова, десната рака на премиерот Нечас и, според сознанијата на полицијата, негова љубовница, освен што е вмешана во корупцијата на тројца пратеници на владејачката партија кои добиле добро платени функции во државните компании за да се откажат од пратеничкиот мандат, ја злоупотребила и Воената разузнавачка служба нелегално давајќи задача да ја следат сопругата на премиерот, Радка Нечасова. Според сознанијата на полицијата, Наѓова го сторила тоа лани есента за да го натера Нечас да се разведе по 27 години брак со Радка, со која има четири деца. Воените разузнавачи имале задача да бараат докази за прељуба. Наѓова се брани тврдејќи дека сопругата на премиерот се зближила со некои луѓе од сектата на јеховините сведоци и дека почнала да собира пари за нив, па таа побарала тоа да се провери зашто се плашела дека може да избие скандал.

Во аферата се обвинети и двајца генерали – бившиот и сегашниот шеф на Воената разузнавачка служба, кои ~ излегле во пресрет на Наѓова. Експертите за безбедност тврдат дека на чешките воени разузнавачи ќе им биде потребно подолго време за да ја повратат довербата на сојузниците во НАТО откако се покажа дека Воената разузнавачка служба нелегално, послушно, ги извршувала наредбите на љубовницата на премиерот, за што Нечас тврди дека не знаел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.