Published: Monday, May 8, 2017 10:36
Пентагон објави дека е убиен водачот на Исламската држава (ИСИС) во Авганистан.
Постоеше сомневање дека Абдул Хасиб Логари загинал на 27 април во нападот на базата во Нангархар во источен Авганистан, но официјални лица тогаш не можеа да ја потврдат оваа информација.
Логари беше еден од високо рангираните лидери на ИД во Авганистан кој загинал во нападите на авганистанските специјални сили во партнерство со војската на САД, соопшти Пентагон.
Командантот на американската војска во Авганистан информирал дека Логари е втор водач на ИД убиен во оваа земја во последните девет месеци.




