Либералот Мун Џае Ин прогласи победа на вонредните претседателски избори во Јужна Кореја, откако неговите двајца најголеми ривали го признаа поразот.
Мун, кандидат на Демократската партија на левиот центар и голем фаворите според анкетите, освои 41,4 отсто од гласовите според излезните анкети кои ги спроведоа три телевизиски куќи.
Конзервативецот Хонг Џун Пјо остана далеку зад него со 23,3 отсто, а следува кандидатот на центарот Ан Чеол Су со 21,8 отсто од гласовите. Овие кандидати претходно, по објавувањето на резултатите од излезните анкети, го признаа поразот.
Со победата на Мун Џае Ин за вршува едната деценија владеење на конзервативците, а се предвидува меѓу другото да дојде и до промена на политиката кон Северна Кореја.
Либералот Мун е поранешен адвокат специјализиран за одбрана на човековите права, а го претставуваат како личност која може да направи напредок во земјата по скандалот со бившата претседателка Парк Геун Хје.
Предвремените претседателски избори се организирани по корупцискиот скандал кој доведе до отповикување на претседателката Парк која е обвинета дека и дозволила на блиската пријателка да изнудува пари од компаниите, што таа го негира.




