Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми кој ја водеше истрагата за наводна поврзаност на тимот на Трамп со Русија, јавуваат светските медиуми.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека Коми е „отпуштен и отстранет од канцеларијата.
Трамп за ваквиот потег наводно бил советуван од главниот државен обвинител Џеф Сешнс и неговиот заменик Род Розенштајн, со што го шокираа Вашингтон.
Демократите брзо реагираа и предупредија дека овој потег ќе доведе до уставна криза, бидејќи Трамп со ваквиот чекор се ослободил од човекот што ја водел истрагата против него.
Трамп во изјава рече дека потрагата по нов директор „ќе започне веднаш“.
„Мораме да пронајдеме ново водство, кое на јавноста ќе и ја врати довербата и безбедноста“, рече Трамп




