Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мала грешка“ – поповите требало да бидат Кирил и Методиј

0
By Нова ТВ on June 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2013 14:52

По „маршот“ на сезонските работници – туристичка стража како дел од проектот Скопје 2014, поповите кои стојат пред спомениците на македонските просветители станаа цел за дискусија во јавноста.

„Пред спомениците на нашите првоучители свети Кирил, Методиј, Климент и Наум, туристите може да се фотографираат и со лица во облека налик на одеждите на православен свештеник. Тоа е само уште една хула во низата понижувања кон светото православие во Македонија, упатена од оние кои наводно го бранат“ реагираат на интернет православните верници.

Европскиот метрополит Пимен, на својот профил на Фејсбук уште вчера реагираше за претставителноста на стражарите.

„Разбирам антички војници, комити и партизани ама и маскирани демек попови? Тоа е сеуште постоечка професија и ако некој има желба да се слика со свештеник, ете му ја на 50 метри црквата св. Димитриј. Едно, недолично е да се поигруваме со верата и професијата, а друго, има ли тој што ги облекува поим како изгледа свештеник? Влегол ли во манастир или црква или само гледал Македонски народни приказни“, напиша владиката Пимен во реакцијата.

Не биле попови, туку македонските просветители, браќата Кирил и Методиј, се јави денес директортката на скопскиот Детски културен центар, Ружа Ѓорѓевска, која за Плусинфо изјави дека поради свои обврски не успеала на време да ја спречи грешката.

– Станува збор за мала грешка. Двете момчиња кои на плоштадот Македонија до вчера носеа свештена облека, требало да бидат облечени во облека која ја носеле македонските просветители. Во МТВ по грешка им дале попска облека, згора и петрафил, па настана проблем. Децата биле во МТВ, и таму костимографот им ја дал облеката. Поради мои обврски не успеав да ја видам. Вчера за овој проблем се крена голема врева. Денеска дадов наредба веднаш да се промени облеката, а додека тоа не биде сторено, поповите нема да бидат на плоштадот „Македонија“ – изјави Ѓорѓевска.

Идејата од проектот е маскираните да стојат цело лето на плоштадот, и да ја надополнат сликата за хероите на кои власта им постави спомен обележје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.