Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, не ја отфрла можноста за мешање на Русија во парламентарните избори во неговата земја а за тоа наведувајќи ги САД, Франција и Балканот как пример, пишува британски Телеграф.
„Мислам дека тоа е реално. Очигледно е дека рускиот претседател Владимир Путин го направи во Франција истото што го правеше во САД. А на Балканот презема различни акции. Треба да се биде претпазлив“, вели Џонсон.
Џонсон смета дека Путин би бил среќен ако на чело на британското МНР дојде шефот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.
Во однос на излегувањето на земјата од ЕУ, Џонсон рече дека Брисел можеби на крај ќе мора да ѝ ја плати сметката за Брегзит на Британија бидејќи таа придонела во толку многу од средствата на ЕУ, и ја обвини Европа дека сака да ја „исцеди оваа земја“.
Во своето прво поголемо интервју од изборната кампања, министерот за надворешни работи изјави дека имало „многу добри аргументи“ за тоа зошто Велика Британија треба да бара враќање на парите, додавајќи дека лидерите на ЕУ само се обидуваат да извлечат нешто од неа.




