Во еден од најдобрите одиграни натпревари во историјата на НБА финалињата, Мајами успеа во продолжение во шестиот натпревар да се избори за „мајсторка“ изедначувајќи го резултатот против Сан Антонио на 3:3.
Клучен придонес за екипата на Мајами покрај ЛеБрон Џејмс со својот трипл дабл со биланс 32 поени, 11 асистенции, и 10 скока, имаа и Реј Ален со одлучувачките три поени за израмнување на само неколку секунди пред крајот, како и блокот на Крис Бош во последните секунди од продолжението за резултат 103 – 100.
Спарси водеа во текот на целата средба, а на помалку од минута до крајот, екипата од Сан Антонио имаше предност од 5 поени, но со послабо одиграна последна четвртина не можеа да стигнат до победата.
Последниот натпревар, кој воедно ќе го донесе и шампионот за сезоната 2012/13 ќе се игра на паркетот во Мајами во петок наутро.