Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп и дал доверливи податоци на Русија, оценувајќи ги како „политичка шизофренија“.
На прес конференцијата со италијанскиот премиер Паоло Ѓентилони, Путин рече дека е подготвен на Когресот на САД да му ги предаде белешките од разговорите на Трамп со Лавров, доколку тоа го одобри Белата куќа, пренесува Тас.
-Гледаме дека во САД се разви политичка шизифренија, тоа е единственото нешто на кое можам да помислам кога ги слушам наводите дека претседателот му открил некои тајни на Лавров, рече Путин.
Рускиот претседател се пошегува дека ќе го казни Лавров што тие тајни не ги споделил со него.
Според него, развивањето на антируски чувства меѓу американските политичари е или глупаво или опасно.
На прашањето, што мисли за Трамп како претседател, Путин рече дека американскиот нардо треба да суди за тоа, но дека работата на Трамп може да се оцени дури ако му биде дозволено да работи со полн капацитет.




