Бразилските власти не успеаја да го запрат протестите, и покрај враќањето на цената на јавниот превоз, причина што предизвика немири, јавува Би-Би-Си.
Демонстрантите ги блокираа главните патишта во Сао Паоло и Бразилија, и се соочија со полицијата во државата Рио де Жанеиро кратко време откако пресвртот со цената беше најавен. Претходно, имаше судири пред фудбалски тим на Бразил да одигра со Мексико во Форталеза во Купот на Конфедерациите.
Демонстрантите се лути на корупцијата и висока потрошувачка за Светското првенство следната година.
Активистите велат дека тие нема да ја променет нивната намера да се одржат најголемите демонстрации денеска.