Во повеќе градови во Венецуела веќе 50 ден се одржуваат протести со кои се бара оставка од претседателот Николас Мадуро.
Вчера се проценува дека на уица излегле 20.000 луѓе.
Во Каракас, според подтаоците на опозициската коалиција МУД излгеле 160.000 луѓе кои се обиделе да стасаат до Министерството за внатрешни работи во центарот на градот, но полицијата ги спречила.
Полицијата употребила солзавец, а демонстрантите одговориле со камења и со молотови коктели.
Демонстраните носеле транспаренти со „Милиони против диктатура“ и „Не сакаме веќе диктатура“.
Најмалку 46 луѓе се повредени, вклучувајќи и една жена која била удрена од возило, соопштија властите.
На другата страна на градот, околу 2.000 провладини работници пееле и марширале во знак на поддршка на претседателот.
Во градот Сан Кристобал, во државата Тачира на западот на земјата протестирале над 40.000 луѓе. Мадуро оваа седмица испрати 2.600 луѓе во оваа држава за сузбивање на уличното насилство и кражби.
Демонстраните веќе седум недели секојдневно протестираат незадоволни од недостигот на основни производи и лекови, со трицифрена инфлација и со кршење на човековите права, и бараат предвремени избори. Досега загинаа 47 луѓе.
Лидерот на опозицијата Енрике Каприлес изјави дека властите спроведуваат масакр над народот.
Еден од неговите адвокати во петокот поднесе извештај за кризата во земјата до Високиот комесаријат за човекови права на ОН откако властите му го поништија пасошот на Каприлес поради што не може да патува во Њујорк.





