Маверик Вињалес триумфира во петтата сезонска трка во Мото ГП шампионатот што се возеше на патеката во Ле Ман за ГН на Франција. Шпанскиот возач на Јамаха до победа дојде во, буквално, завршниот круг, поточно, по киксот на Валентино Роси во последниот свиок што Италијанецот го чинеше излетување од патеката и останување без пласман.
Второто место го освои домашниот натпреварувач Јоан Зарко (+3,134 сек.), трет низ стартно-целната линија мина Дани Педроса (+7,717 сек.). Трката за ГН на Франција не ја заврши ниту актуелниот шампион Марк Маркез.
До третата победа во сезоната, четврта во кариерата, Вињалес стигна со време од 43:29,793 минути и го презеде водството во генералниот пласман со 85 бода пред Педроса со 68 и Роси кој падна на третото место со 62 бода.
Сезоната во Мото ГП шампионатот продолжува на 4 јуни со трката за ГН на Италија на патеката Муѓело.
Резултати од трката во Мото ГП шампионатот за ГН на Франција
Маверик Вињалес (Шпанија/Мовистар Јамаха) 43:29,793 минути
Јоан Зарко (Франција/Монстер Јамаха) +3,134 сек.
Дани Педроса (Шпанија/Репсол Хонда) +7,717 сек.
Андреа Довициозо (Италија/Дукати) +11,223 сек.
Кал Крачлоу (В. Британија/ЛЦР Хонда) +13,519 сек.
Хорхе Лоренцо (Шпанија/Дукати) +24,002 сек.
Јонас Фолгер (Германија/Монстер Јамаха) +25,733 сек.
Џек Милер (Австралија/Естрела Галиција) +32,603 сек.
Лори Ба (Франција/Реале Авинтија Рејсинг) +45,784 сек.
Андреа Јаноне (Италија/Сузуки Екстар) +48,332 сек.
Без пласман останаа: Валентино Роси (Италија), Алекс Еспаргаро (Шпанија), Марк Маркез (Шпанија), Данило Петручи (Италија), Скот Рединг (В. Британија), Карел Абрахам (Чешка), Ектор Барбера (Шпанија).
Генерален пласман по пет трки
Маверик Вињалес 85 бода
Дани Педроса 68
Валентино Роси 62
Марк Маркез 58
Јоан Зарко 55
Андреа Довициозо 54
Кал Крачлоу 40
Хорхе Лоренцо 38
Јонас Фолгер 38
Џек Милер 29, итн.