Премиерот на Сингапур предупреди дека смогот која го обви гадот би можел да трае со недели, додека загадувањето на воздухот во градот-држава се искачи на рекордни нивоа, јавува Би-Би-Си.
Индексот на загадувањето достигна 371 во четвртокот, со што премина претходните рекорди и отиде над опасните нивоа, пред да падне на околу 300.
Маглата е предизвикана од подметнатите шумски пожари во Индонезија, на островот Суматра.
Овој проблем предизвика обвинувања меѓу двата соседа околу тоа кој е одговорен за смогот.
Службениците за животна средина од двете нации држат итен состанок во Џакарта, денеска, во обид да ги надминат тензиите.