Според најновите податоци на Еуростат oбјавени денеска, со 60 отсто под просекот на ЕУ, Република Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, додека според овонеделниот извештај на Светска Банка, 53 проценти од младите во Македонија меѓу 15 до 24 години се невработени, а сиромаштијата и натаму е алармантно висока, 42 проценти од населението е сиромашно.
Според Светска банка, Македонија како и целиот регион не креира работни места доволно брзо за да ги прифати новите учесници во работната сила. Состојбата со работните места е полоша од тоа што бројките на невработеност покажуваат, бидејќи многумина заминуваат од регионот за да работат на друго место, се вели во извештајот.
Анкета на НОВА: На што се должат загрижувачките показатели за сиромаштија и невработеност? Дали стотиците милиони евра вложени во проектот Скопје 2014 доколку беа пренасочени во приоритетни инвестиции ќе се намалеше сиромаштијата и невработеноста?