Рами Хамдала, палестинскиот премиер кој пред нецели три недели положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас, си поднесе оставка.
Како што пренесува агенцијата АФП, Хамдала ја поднесува оставката поради „ограничувањето на неговиот авторитет“.
Абас на Хамдалах му довери двајца заменици, еден за политички, и друг за економски прашања, со цел да го надомести неговото политичко неискуство.
Повикувајќи се на висок претставник на владата, агенцијата јави дека премиерот се повлекува поради „разлики во мислењата“ со неговите двајца заменици.
Се уште не е познато дали Абас ја прифаќа оставката на Хамдалах.