Лидерката на француската екстремна десница Национален фронт Марин ле Пен се откажа од идејата, Франција да ја напушти Европската унија, соопшти главниот економски стратег на партијата Бернар Моно.
Ле Пен во петокот изјави дека нејзината партија ќе започне со разгледување на својот проевропски став откако ќе завршат парламентарните избори следниот месец.
-Нема да има Фрегзит. Го прифативме она што ни го порача францускиот народ, рече Моно за британски Телеграф.
Моно наведе дека и натаму смета дека еврото не е технички вредно, но дека нема смисла тврдоглаво да се инсистира на тоа.
-Од сега нашата политика ќе биде да преговараме за спогодбите со ЕУ кои би ни дале поголема контрола на буџетот и банкарските прописи, вели Моно.
Марин ле Пен изјави дека би било природно кога потпретседателот на Националниот фронт Флориан Филипо би поднел оставка од местото доколку се напушти еден од главните ставови кои ги бранеше во текот на кампањата – откажување од еврото.




