Published: Tuesday, May 23, 2017 08:53
Билансот на нападот што се случи ноќеска во Манчестер е 22 мртви а помеѓу нив и многу деца, информирапе британската полиција утринава. Полицијата потврди дека има 59 ранети.
Нападот се случи на крајот на концертот на американската ѕвезда Аријана Гранде во големата концертна сала во која собира 20.000 луѓе.
Автор на нападот е еден човек. Тој активирал бомба што ја носел на себе. Самиот загинал во нападот.
Според полицијата се работи за терористички напад но идентитетот на напаѓачот не е се уште соопштено.
Британската конзервативна премиерка Тереза Меј и лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбејн се договорија да ја суспендираат изборната кампања. Во Велика Британија се одржуваат предвремени парламентарни избори на 8 јуни.




