Европа ја заострува борбата против политиката на „Гугл“ во поглед на приватноста на корисниците. „Новиот правилник на компанијата и овозможува полесно обработување и подолго задржување на податоците на корисниците, а тоа ги крши француските закони“, предупредуваат властите од Париз.
Тоа воедно е најновиот обид на европските власти да го натераат американскиот гигант да ги објасни причините за шпионирање.
Доколку „Гугл“ до октомври не ги објасни условите за работа, со кои не им остава простор за неприфаќање на корисниците, може да се соочи со казна од над 150 илјади до неколку милиони евра.
„Гугл мора да објасни зошто ги задржува и ги користи личните податоци на корисниците. Земјите од Европа мора да соработуваат по ова прашање“, изјави Изабел Пиеротин од гранцуската Агенција за заштите на податоците.
На овие мерки на Франција, се придружи и Шпанија, а слични постапки најавија и Велика Британија, Италија, и Холандија.
Околу прашањето за приватноста на податоците на интернет, се дигна прашина откако се откри дека американските разузнавачки служби го шпионирале цел свет, користејќи ги податоците од „Гугл“, „Мајкрософт“, „Фејсбук“, и „Твитер“.