Исламската држава ја презеде одговорност за нападот во Манчестер арена, во кој загинаа 22 лица, а 59 се повредени, објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на порталот Акбар Ирак.
Порталот објави дека припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавиле видеоснимка во која ја презеле одговорноста за нападот.
Четири часа пред нападот во Манчестер, пак, на еден профил на социјалната мрежа Твитер биле објавени два твита со кои се упатува закана кон Арената во Манчестер, а покрај заканите, во твитовите била објавена и слика со знамето на ИС.
Нападот се случи на крајот на концертот на американската ѕвезда Аријана Гранде во големата концертна сала во која собира 20.000 луѓе.
Автор на нападот е еден човек. Тој активирал бомба што ја носел на себе. Самиот загинал во нападот.
Според полицијата се работи за терористички напад но идентитетот на напаѓачот не е се уште соопштено.
Британската конзервативна премиерка Тереза Меј и лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбејн се договорија да ја суспендираат изборната кампања. Во Велика Британија се одржуваат предвремени парламентарни избори на 8 јуни.




