Во 1662 година познат лондонски позамантерист со изразен талент за бројки, издал прва квантитативна пресметка за смртта. Џон Гронт ги пресметувал причините како „Злото на Кралот“, туберколозната болест за која се верувало дека може да се излечи со допир од монархот. Другите навидум необјасниви, звучеле дури и поетски. Во 1632 г. 15 лондончани си пресудиле себеси, 11-мина умреле од „тага“ а двајца паднале во „летаргија“.
Книгата на Гронт претставува осврт кон ненадејноста и теророт на смртта пред појавата на модерната медицина. Смртта настапувала рано: до 20-иот век просечниот човек живеел колку и шимпанзото. Денеска науката и економскиот пораст покажуваат дека ниту еден друг цицач не живее подолго. Сепак ненамерната последица беше да се претвори умирањето во медицинско доживување.
Кога и каде настапува смртта е многу сменето во изминатите сто години. До доцните 1990-ти половина од смртните случаеви беа причинети од хронични болести, а во 2015 уделот достигна до две-третини. Во богатите држави смртта обично настапува по години поминати во влошување на состојбата. Грубо кажано, две-третини од смртните случаеви се случуваат во болници или домови за стари лица, неретко како крај на очајните третмани. Скоро третина од Американците кои умираат по 65-тата година од животот, ги поминуваат своите последни три месеци на одделот за интензивна нега, а петтина од нив се подложени и на операции во последниот месец од својот живот.
Таквата ревносна интервенција може да претставува агонија за сите засегнати. Пациенти заболени од канцер кои смртта ја дочекуваат во болнички услови, обично преживуваат многу повеќе болка, стрес и депресија отколку слични на нив пациенти кои умираат во домашни услови или во домови за стари лица. Членовите од нивното семејство се оние кои бијат битки со докторите и меѓусебе, кои претрпуваат синдром на пост-трауматски стрес и долго чувствуваат тага и очај.
Што е важно
Најважно е дека вакви медикализирани умирања не се она што луѓето сакаат. Испитувањата на јавното мислење, вклучувајќи и едно спроведено во 4 големи држави од страна на Фондацијата Кајзер Фамили, американска тинк-танк организација и Економист, откриваат дека повеќето луѓе кои се во добра здравствена состојба се надеваат дека кога ќе им дојде времето, ќе починат во домашни услови. Неколкумина пак, прашани за нивните желби за последните денови, велат дека приоритет им е да живеат што подолго. Повеќе и сакале да умрат безболно, во мир, опкружени со саканите на кои не им претставуваат терет.
Но одредени случаеви каде смртта е исклучително тешка и мизерна не можат да се избегнат. Не сите можат да бидат во состојба да направат здравица со чаша шампањско во чест на средба со смртта, како што тоа го можел Антон Чехов. Она што луѓето кажуваат дека го посакуваат кога се здрави, многу лесно може да се смени како што наближува крајот (ова е една од причините зошто докторите се скептични во однос на желбите во врска со последните денови изразени во тестаментите пишувани кога луѓето се во добра здравствена состојба). Да се дочека смртта дома и не е толку привлечно имајки го во обзир фактот дека сета потребна медицинска опрема се наоѓа во болниците. Болничкиот третман кој е неподнослив и незамислив, е можеби помалото од двете зла кога единствената алтернатива е смрт. Некои пациенти ќе сакаат да се борат до крајот, додека сета надеж се истроши.
Сепак многу често пациентите добиваат драстичен третман и покрај нивните желби, кога докторите прават „се’ што е возможно“, како што и се обучени да направат, без да разговараат за желбите на пациентите или без да се сигурни дека пациентот јасно ја разбира прогнозата. Само една третина од пациентите со смртоносен карцер во САД се запрашани за нивните желби и посакувања до крајот на нивниот живот. На пример дали можеби би сакале да присуствуваат на посебна свеченост како свадба на внуката, иако тоа можеби би значело напуштање на болницата и ризик од порана смрт. Во многу други земји уделот на пациентите на кои им се поставуваат вакви прашања е уште помал. Повеќето онколози кои секојднено гледаат пациенти како умираат, велат дека никогаш не биле обучувани како да разговараат со своите пациенти.
Овој весник повика за легислатива во однос на прашањето за помогнато умирање од страна на докторот, при која на ментално стабилните но смртоносно заболените пациенти може да им се помогне да го завршат својот живот доколку тоа е нивната желба. Но правото на умирање е само еден дел од подобрата нега на крајот од животот. Испитувањата покажуваат дека многу луѓе сакаат да ја имаат оваа опција, но само неколку би се одлучиле за неа. Да им ја овозможи на луѓето смртта каква што посакуваат, медицината треба да преземе неколку едноставни чекори.
Палиативната нега е повеќе потребна. Оваа занемарена гранка од медицината го помага намалувањето на болката и другите симптоми како губењето на здив, и меѓудругото овозможува советување за смртно болните. До скоро воопшто не ни беше сметана за дел од медицината: повеќе чај и сочуство кога и последната надеж веќе ја нема. Дури и во Британија, кадешто движењето за домови за стари лица и започна, пристапот кон палиативната нега е не секаде еднаков. Неодамнешните студии потврдија колку е тоа погрешно. Обезбедување на рана палиативна нега во чекор со напреден канцер и паралелно со вообичаените третмани, не само што го намалува страдањето, туку истотака и го продолжува и животот.
Повеќето доктори практикуваат медицина за да им помогнат на луѓето да ја одложат смртта, а не да разговараат за нејзината неизбежност. Но, мораат да разговараат. За почеток добро би било повеќе да се употребува „Водич низ разговори за сериозни заболувања“ од Атул Гаванде, хирург и автор. Краток прашалник наменет да открие што смртно заболените пациенти знаат за својата состојба и да дознае какви се нивните цели и желби пред судниот ден. Истражувања покажуваат дека ваквите разговои се многу охрабрувачки и го олеснуваат страдањето.
Ваквите промени треба да бидат дел од сеопфатниот чекор напред во начинот на кој здравствената грижа се справува со сериозни заболувања. Голем дел од негата за хронично болните треба да се дислоцира од болниците. Тоа би значело одредени фондови за здравството да се пренасочат кон социјална грижа. Финансиските стимулирања за докторите и болниците треба истотака да се променат. Тие се типично платени од осигурениците и владите да ја вршат својата работа врз пациентите, а не да се обидуваат да ја спречат болеста или да им угодат на пациентите. Медиккер, јавното здравство во САД за лица над 65 год., неодамна започна со плаќање на докторите за подлабоки и подробни разговори со смртно заболените пациенти; и останатите државни здравствени системи и осигурениците треба да го следат овој пример. Трошокот не е пречка. Откако ќе бидаат информирани, засегнатите пациенти сигурно многу помалку ќе сакаат беспотребни процедури. По некој доктор може и да заврши со тужба, бидејќи лошата доктор-пациент комуникација е честа тема при тужби за несовесно работење.
Уште една работа пред да одам
Повеќето луѓе чувствуваат ужас и страв кога размислуваат за својата смртност. Како што смртта се сокрива во болниците и домовите за стари лица, така е се понепозната и потешко се зборува за неа. Политичарите се плашат да иницираат нега на крајот од животот за да не бидат обвинети дека воведуваат „смртни панели“. Но отворени и искрени разговори со луѓето кои умираат треба да биде дел од модерната медицина исто како препишување лекарства или составување на скршени коски. Подобра смрт значи подобар живот, се’ до самиот крај.
Извор: The Economist