Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

0
By Zoran Ivanov on June 16, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 16, 2026 09:05

На денешен ден, 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи подемот на народно-ослободителното движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста “Моклиште“ стрела 12 младинци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години.

Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7. до 16. јуни 1943 година, презема офанзива за уништување на партизаните и се нафрла и на мирното население.

Кулминација на прогоните над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16. јуни 1943 година, кога на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ се убиени 12 младинци.

Уште вечерта на 15 јуни низ Ваташа се разнесла веста дека утредента никој не треба да оди на работа, зашто е роденден на престолонаследникот и во Кавадарци ќе се одржува парада. Кога се разденило на 16 јуни, селото било блокирано од војска и полиција. Никој не можел да излезе, а оние што тргнувале на работа ги враќале назад.

Во раните утрински часови во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина момчиња и девојки. Тие биле скоевци кои кришум им помагале на партизаните, но биле предадени.

Според Стева Илиева од Кавадарци: Кметот не’ собираше од куќите со готов список. Сите нѐ имаше по име и презиме.

Во кафеана тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на 1. мај во месноста Моклиште и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит се ослободено момче и една девојка.

Потоа другите во колона по еден во придружба со силно воено обезбедување се однесени во месноста „Моклиште“, каде што девојчињата се издвоени, а врз момчињата е отворен оган од митролези и пушки.
Најмладиот од стреланите имал само 15 години. Еден од стреланите пред да умре, успеал да изусти “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!”.

За масакрот во Ваташа пишува во “Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани.

Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој сѐ уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: “Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр за успешно извршената акција полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.

По две години, Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа, сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти.

Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот една година подоцна на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево.

Во спомен на настанот, изградена е спомен костурница на стреланите 12 младинци од Ваташа, која е откриена на 11 октомври 1961 година. На јужниот ѕид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“.

На местото на стрелањето подигнат е спомен-парк со површина од 7 хектари, а во него се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци.

facebookShare on Facebook
TwitterTweet
FollowFollow
ваташа годишнина Младинци НОБ стрелани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.