НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ интеграции:Турција најавува силна реакција до Германија

0
By Нова ТВ on June 21, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турција ја предупреди германската канцеларка Ангела Меркел да не ги политизира нејзините европски амбиции додека Берлин ги блокира обидите следната седмица да се отвори ново поглавје во пристапните преговори на Анкара со ЕУ.

Турција соопшти дека неуспехот во отворањето на новото поглавје би претставувало големо назадување во односите меѓу Анкара и Брисел, а еден висок турски функционер изјави дека тоа „би предизвикало силна реакција”.

Повеќето земји членки на Европската унија дадоа сигнали дека сакаат следната среда да дојде до долгоочекуваниот напредок на турскиот пат кон ЕУ сметајќи дека Европа би требало да го искористи сѐ поголемото влијание на Турција на Блискиот исток.

Германија, меѓутоа, ја критикуваше насилната реакција на премиерот Реџеп Тајип Ердоган на повеќенеделните протести и одбива да одобри отворање на новата преговарачка област, прва во последните три години од преговорите.

Германија го блокираше отворањето на новото поглавје коешто се занимава со регионалното финансирање во четвртокот на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, соопштија дипломатски извори од ЕУ.

Од ЕУ засега не ги откажаа разговорите со Турција планирани за следната среда изјави еден европски извор, додавајќи дека владите се договориле дека за тоа прашање ќе размислат во текот на викендот и можеби ќе се навратат на него следната седмица.

Конзервативците на Меркел го отфрлија членството на Турција во ЕУ во својата програма за германските избори, изјавувајќи дека таа земја би ја „преоптоварила” ЕУ поради својата големина и економијата со што го предизвика гневот на Анкара.

„Доколку госпоѓа Меркел бара домашен политички материјал за своите избори, тој материјал не би требало да биде Турција. Доколку госпоѓа Меркелс се позанимава со тоа, ќе види дека оние кои се конфронтираат со Турција немаа среќен крај”, изјави за новинарите во четвртокот турскиот министер за ЕУ, Егемен Багиш.

Спротиставувањето на Германија на влезот на Турција во ЕУ се зголеми последните години и сега две третини од Германците се противат на турското членство, покажуваа резултатите од најновото истражување на јавното мнение што го направила агенцијата Forse објавени во четвртокот во списанието Stern.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.