Полицијата во Манчестер го идентификуваше 22-годишниот Салман Абеди со либиско потекло, роден во Манчестер, како терористот кој го изврши нападот во Манчестер арената за време на концертот на Ариана Гранде, во кој загинаа 22, а 59 лица се повредени.
Медиумите објавија дека целото негово семејство, со исклучок на двајцата постари браќа се вратиле во Либија. Наводно, пред три недели и Салман бил таму, и се вратил буквално неколку дена пред да го изврши крвавиот чин.
Според истражителите, Салман ја поставил бомбата во Манчестер Арена малку пред таа да експлодира. Како осомничен за негов помгач е Манкуан Рафаел Хости, познат во радикалните кругови во Манчестер како Абу Каган ал Британи , пишува Daily Mail.
ТВ мрежата NBC, повикувајќи се на неименуван извор од разузнавањето, кој е запознаен со истрагата, објави дека исламистот имал врски со терористичката организација Ал Каеда и бил на обуки во странство.
Според американското разузнавање неговите патувања до Либија и други источни земји е поврзано токму со терористичката организација.
Експертите коментираат дека бомбата што Абеди ја направил била “голема и сложена”, а за создавањето биле потребни материјали со кои тешко би се набавил во Британија.
Тоа според нив укажува дека тој не работел само и дека е можно да е дел од некоја радикална ќелија. Медиумите објавија дека роднини на Абеди веќе ги предупредиле властите во Велика Британија дека тој претставува закана.
Идентитетот на Абеди беше потврден вечерта. Тој пораснал во реонот Валеј Рејнџ, на неколку метри од гимназијата, која стана позната во 2015 година, кога две девојки близначки, одличните студентки по медицина Салма и Хала избегаа од дома, за да се приклучат на џихадистите во Сирија.




