Published: Wednesday, May 24, 2017 10:25
Во рамки на истрагата за давање поддршка на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, турските власти издаеле наредби за апсење на 139 луѓе, кои работат во општинските органи на Анкара и двајца министри, објави Си Ен Ен Турк.
Телевизијата објави дека се издадени налози за апсење на 60 лица вработени во градското собрание на Анкара, 19 во советите на општините, 30 вработени во Министерството за развој и 30 лица од Министерството за образование, пренесува Ројтерс.
До сега во Турција уапсени се околу 50.000 луѓе за наводна поддршка на Ѓулен кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот пуч во јули лани, а чија екстрадиција ја побара претседателот Реџеп Таип Ердоган.




