Израелски полицаец уби еврејски посетител пред Ѕидот на плачот во Ерусалим, сметајќи дека е палестински борец, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил околу 8.00 часот по локално време, додека пред Ѕидот на плачот имало голем број верници на утринска молитва.
Чуварот по несреќата изјавил дека помислил дека четириесет и шестгодишниот човек сака нешто да извади од џебот додека викал, што не е повик за собирање на муслиманите.
По инцидентот ортпаролот на тамошната полиција, Мики Росенфелд изјавил: Изгледа дека чуварот го извадил оружјето и неколку пати пукал во него поради фактот што викал “Allahu Akbar”.
Локалните медиуми пренесуваат дека кај убиениот не е пронајдено ништо сомнително.