Американскиот конгресмен Мајк Мекол истакна дека во нападот во Манчестер Арената користен е експлозив ТАТП, ист како оној во нападите во Париз и Брисел.
Ист таков експлозив е користен во нападот во Париз во 2015 и во Брисел во март минатата година. И двата напади ги извршила екстремисти од Исламската држава.
Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на американскиот Конгрес истакна дека „нивото на софистицираност“ на бомбата укажува дека оној што ја направил имал обука од странство.
-Доказите собрани досега укажуваат дека нападот во Манчестер не е случај на еден осамен напаѓач, истакна Мекол.
Во нападот за време на концертот на американската пејачка АРијана Гранде во понеделникот навечер беа убиени 22, а 59 лица беа ранети.
Скај њуз, повикувајќи се на извори во германската разузнавачка служба објави дека Салман Абеди, осомничен за самоубиствениот напад бил во Германија, во Диселдорф, четири дена пред нападот.
На фотографиите што ги објави телевизијата наводно се гледа како купил ранец за кој полицијата верува дека го употребил за да ја скрие бомбата што ја активирал.
Фотографиите се снимени во трговскиот центар Арндејл во петокот околу 20 часот, три дена пред нападот. Бил облечен во темна облека, со капа на главата и бели патики.
Би би си денеска објави дека британската полиција која го истражува нападот ја запрела размената на информации со САД, откако некои разузнаваки податоци „протекле“ во американските медиуми.




