Џаред Кушнер, виш советник во Белата куќа и зет на претседателот Доналд Трамп е под истрага на Федералното истражно биро (ФБИ) за вмешаноста на Русија во американските претседателски избори, објавија американските медиуми.
Како што пренесува Би Би Си, истражителите на ФБИ се уверени дека Кушнер има важни информации, но дека тоа не значи дека се сомневаат во кривично дело.
Адвокатот на Кушнер Џејмо Горлик изјави дека неговиот клиент ќе соработува со истрагата.
Неименувани американски функционери за Ен Би Си изјавиле дека интересирањето за Кушнер не значи дека идејата е тој да биде обвинет за кривично дело.
Вашингтон пост во написот пишува дека истражителите ќе се фокусираат на средбите кои тој ги имал минатата година со рускиот амбасадор во САД и со Сергеј Говорко, директор на Внешекономо банката, против која администрацијата на Обама воведе санкции како одговор на руската агресија на Крим.
Поранешниот шеф на ФБИ Роберт Милер минатата недела е именуван за спецјален истражител кој треба да ги испита евентуалните врски на изборниот тим на Трамп со Кремљ.
Кушнер веќе се согласил да разговор за своите руски контакти со Комитетот за разузнавачки прашања на Сенатот.
Кушнер во декември лани се сретнал со рускиот амбасадор во САД Кисљак и со банкарот Говорко.
Истрагата на ФБИ треба да ја расветли можноста за поврзаноста на луѓето кои ја водеа кампањата на Трамп со руски функционери.




