Најновиот спор околу запленетите воени дела на Советскиот Сојуз од германската уметност, се заканува да ја засени посетата на канцеларката Ангела Меркел во Русија.
Меркел требаше заедно со претседателот на Русија, Владимир Путин да отвори нова изложба во Санкт Петербург, после големиот економски форум во градот.
Но церемонијата закажана за петок навечер е откажана во краток рок.
Според најавите Меркел планирала да ги напомене германските побарувања во нејзиниот говор при што наидело на противење од руската страна.
Веста за откажувањето на настанот доаѓа непосредно пред летот на германската канцеларка од Берлин до Санкт Петербург, каде што требаше да има обраќање на годишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.
Двете земји се во спор околу уметничките дела преземени од Советскиот Сојуз во последната војна, кои Германија ги бара назад.
Воедно, изминативе години во неколку наврати многу уметнички дела земени од нацистичка Германија беа прикажани на изложби во Москва, како што е изложбата во Државниот музеј за ликовна уметност „Пушкин“ во 2007 година, како и московскиот Музеј на архитектура во 2003 година.