Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња Стинг.
STING е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.
На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…
Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на STING, ќе настапи и Joe Sumner.
Авалон Продукција го потврди концертот на Стинг во Скопје на 05-ти мај, а според инструкциите на менаџментот , како ден за објава на ова шоу е одбран токму денешниот ден.
Сите информации поврзани околу продажбата на влезниците ќе бидат објавени вечерва во 20 часот.