Младите луѓе кои учествуваа во протестите поради паркот Гези се жртви на подмолен план, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
– Кој доби со овие протести што траат три недели? Доби лобито на лихварите, добија непријателите на Турција. А загуби, иако малку, економијата и загубија туристите. (Во Турција) има слобода како што немало никогаш досега, нагласи Ердоган.
Тој ги обвини учесниците на протестите дека започнале како војници на основачот на модерна Турција, Мустафа Кенал Ататурк, а завршиле како војници на лобито на лихварите.
– Младите станаа жртва на таквиот подмолен план… И што требаше да прави полицијата? Дали тие места требаше да останат окупирани?, запраша Ердоган, нагласувајќи дека полицијата си ја извршила својата должност.
Сепак, Ердоган рече дека е можно полицијата да напарвила грешки, додавајчи дека Министесртвото за внатрешни работи спорведува истрага во врска со таквата можност.
Весникот „Хуриет Дејли Њуз“ објави дека по наредба на турската Влада, Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) започнала истрага за откривање на „странски врски“ во тринеделните антивладини протести во земјата.
Според весникот, повеќе оддели на МИТ се вклучени во истражување на различни аспекти на протестите, врз основа на што треба да биде изработен извештај што ќе биде доставен до Владата.
Протестите започнаа како реакција на бруталноста на полицијата кон учесниците на собирот против уривањето на паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул, по што подоцна есклаираа во насилство и барања за оставка на Владата, пренесува Миа.
Сепак, неименуван извор во МИТ во изјава за весникот вели дека Владата во протестите гледа „заговор потив Турција, во кој клучна улога имале некои странски сили и меѓународни финансиски институции“.
Весникот наведува дека Ердоган и други владини претставници изјавиле дека имаат докази за ваква поврзаност со протестите, во чие интензивирање своја улога одиграле и меѓународните медиуми со еднострано известување.