Десет странски туристи се убиени во област во северен Пакистан јавува агенцијата Синхуа повикувајќи се на полицијата и безбедносни извори.
„Непознати лица влегле во хотелот каде што се изминатата ноќ отседнале странски туристи и отвориле оган. Убиле десет странски туристи и побегнале”, изјавил за Reuters Али Шер, висок полициски функционер во покраината Гилгит-Балтистан.
Петмина од убиените се од Украина, тројца се од Кина, еден од Русија и една жртва не е идентификувана.
Телата на убиените со хеликоптер биле пренесени во пакистанската престолнина Исламабад. Според изјавата на Шер повеќето од убиените биле алпинисти. Хотелот се наоѓал во подножјето на планината Нангапарбат, со 8 125 метри височина, деветта според височината во светот.
Пакистанскиот премиер Наваз Шариф и претседателот Асиф Али Зардари го осудија нападот. Досега ниедна од екстремистичките исламистички групи коишто дејствуваат во Пакистан не ја презема одговорноста. Во областа се испратени бројни безбедносни сили.