Човек уби шест луѓе во една хемиска фабрика во Шангај во која работел, пренесуваат денеска кинеските државни медиуми.
Убиецот за кој се знае дека се презива Фан и има 62 години, во саботата до смрт претепал еден свој колега, а потоа земал пушка скриена во спалната соба на фабриката, го убил возачот на комбето и еден војник. Потоа се вратил во фабриката и таму убил уште тројца свои колеги.
Полицијата го уапсила во саботата навечер, се наведува во полицискиот извештај, во кој стои и дека причина за смртоносниот поход на 62-годишниот Кинез бил „спор од економска природа“.
Убиствата од огнено оружје во Кина се ретки, со оглед на тоа дека на физичките лица не е им е дозволено да го поседуваат.