НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Три дена во Париз“ од Емил Крстески

0
By Нова ТВ on June 5, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деновиве во издание на „Или-Или“ излезе од печат збирката раскази „Три дена во Париз“ од Емил Крстески, новинар и прозаист.

Ова е негова прва белетристичка книга, која содржи 15 раскази, во кои навидум се опишуваат вообичаени случувања и односи во животот на луѓето и кои често се испреплетуваат со сонот и фикцијата.

Промоцијата на книгата, на која ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и професор Александар Прокопиев, ќе се одржи на 7 јуни (среда), во 20.00 часот, во Клубот на новинари.   

Академик Катица Ќулавкова, во својот поговор за книгата ќе напише: „Македонскиот современ расказ, оној на 21. век, има потреба да се „урбанизира“ без да биде ’постмодернистички’ наметлив и вкалапен. Во време на масовна и хаотична, социјално вмрежена комуникација, расказот има потреба да биде комуникативен на свој, литерарен начин, има потреба да општи со доминантната матрица на социјалната, и на психолошката стварност на интелигенцијата, затоа што, да не заборавиме, македонската стварност не се исцрпува со изолирани теми, било тие да се историски, рурални, магично-реалистички, лудистички или феминистички теми…

Расказите на Емил Крстески се вклопуваат токму во тој мозаик на којшто му недостигаат уште вакви изворни, лично обоени, речиси автофикциски, ама лежерни, симпатични, сугестивни прошетки низ градскиот живот. Живот кој се стреми егзистенцијата да ја соочи со есенцијата.

За збирката раскази „Три дена во Париз“, Александар Прокопиев ќе рече: „Расказите од збирката „Три дена во Париз“ на Емил Крстески, без оглед дали нараторот е во прво или трето лице, ја имаат таа моќ да ве вовлечат во дејствието. Притоа, ако сте внимателен читател, ќе се соочите со впечатокот дека зад описите со кои овој ракопис обилува, тлее некој вид егзистенцијална драма што на многумина од нас ни е заедничка. – За кого писателот пишува?, и веднаш одговараме: – За себе.

Но, како и во секоја добра книга, тоа писателско „јас“ постепено станува и дел од нашите „јас“. Се препознаваме во нашите љубови, во обидот да ги вратиме тие некогашни времиња, а тоа се случува, кога сме отфрлени и изгубени. Го има во расказите на Крстески, на еден лежерен, непосреден начин, тоа своевидно „известување“ за протокот на времето, почнувајќи од првиот расказ „Есен“, каде есенската средба со средовечниот сликар во паркот, го вовлекува момчето во магичниот свет на боите, до завршната приказна „Заминувањето на Сликарот“, во која боите повторно имаат буквално и симболично значење. Се затвора кругот на животното трагање со крстопати и слепи патишта, но можеби, почнува исцртувањето на новиот круг, „како ништо и никогаш да не било“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.