На церемонијата во Стејт департментот, делегацијата на Црна Гора ги предаде инструментите за ратификација на Северно-атлантскиот договор на американскиот потсекретар Томас Шанон, со што земјатаа и официјално стана 29. членка на НАТО.
Црногорската делегација е предводена од премиерот Душко Марковиќ, а на церемонијата што се одржа во Стејт департментот попладнево, присуствуваше о генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-Ветувањето за членство носеше со себе демократски вредности и почитување на владеењето на правото. Тоа значи дека треба да се спроведат тешки реформи и дека Црна Гора тоа го направи, и на тој начин стана членка. Ние исто така сме благодарни што Црна Гора ги презеде и финансиските обврски што ги носи членството, изјави Шенон.
-Ние сме и благодарни на Црна Гора што придонесува за коалиција која се бореше против исламската држава. Црна Гора треба да биде горда на искористување на сувереното право сама да си го избере сојузникот, иако се соочила и со притисоци, рече Шенон.
Според него пристапот на Црна Гора испраќа порака до регионот дека САД се посветени на Членот 5 од Северноатлантскиот договор.
Премиерот Душко Марковиќ рече дека денешниот датум е голем ден за Црна Гора.
-100 години откако сме избришани од политичката карта на Европа и 11 години од враќањето на независноста, денес стануваме дел од најмоќнниот сојуз во историјата. Членството во НАТО значи постојана стабилност за нас и можност за понатамошен развој на нашето општество. Би сакал да се заблагодарам на САД за континуираната поддршка за пристапување на нашата земја во НАТО, рече Марковиќ.
– Ние веруваме дека ова е историски ден за НАТО. Ова покажува дека вратата на Алијансата останува отворена. Почнувајќи од денес сме сојузник кој ќе ужива во придобивките од колективниот безбедносен систем, рече црногорскиот премиер.
Обраќајќи им се на граѓаните на Црна Гора, Марковиќ ги повика да се обединат и да ја направат Црна Гора, во која граѓаните ќе живеат подобро.
-Денес Црна Гора се приклучи на НАТО и ќе седне со нас на маса со еднакви права. Црна Гора во НАТО ја носи храброста и посветеноста на својот народ, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека пристапувањето е заедничко добро за стабилноста и на Црна Гора и на Балканот, бидејќи испраќа сигнал до другите земји дека ако се посветат на реформите може да станат членки.
На крајот, тој обраќањето го заврши со зборовите “Добредојде Црна Гора”, што ги изговори на црногорски јазик.
Црногорското знаме ќе на 7 јуни ќе биде поставено на вчезот на седиштето на НАТО во Брисел.





