Нападната е екипата на тиранската телевизија Топ-Чанел која го следела изборниот процес во албанскиот град Лач.
Новинарката Арта Бериша информира дека физички бил нападнат нејзиниот снимател Лорик Бајрами на кого му била искршена камерата.
Инцидентот се случил на едно од гласачките места каде група на луѓе им се заканувале на гласачите дека нема да може да гласаат ако се за левицата.
Новинарската екипа го снимила инцидентот по што биле нападнати. Полицијата веќе ги идентификувала напаѓачите.