Стотина музичари, новинари, професори и консументи на рокенрол културата вчера се собраа во џебното кино во Младинскиот културен центар на трибина насловена “Рокенролот како саундтрак за новото министерство за култура”.
Тие дебатираа за присутната атмосфера на шунд култура која е во пораст во последните 8 години.
На дебатата учествуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. Тука, помеѓу другите пристуни, беа гитаристот Влатко Стефановски, Пеце од „Суперхикс“, Петрит Сарачини, Тошо Филиповски, Виолета Симјановски или Џабир Дерала.
Според нив подобар статус, стимулирање музички рокенрол изданија, заштитата на авторските права, се само дел од проблемите што ги мачат “рокерите“.
Сметаат дека рокенролот е непријател на секоја диктатура, па затоа тој максимално беше отстранет од сите институционални рамки и бараат да добијат статус во општеството и да делуваат за создавање квалитетна културолошка атмосфера.