Жена починала пред заклучената врата на Итната медицинска помош во Умаг. Во брзата помош ја донел нејзиониот син со сопствено возило од селото Јеци, откако му било кажано дека нема слободно возило за да ја префрлат до Здравствениот дом.
Кога видел дека врата е заклучена се расрчал да бара помош, но кога стигнале двете медицински сестри и младиот лекар неговата мајка веќе починала.
-Кога стигнавме во Здравствениот дом таму немаше никој, вратата беше заклучена. Истрчав на горниот спрат, но немаше никој. Потоа отидов во стационарот каде најдов две медицински сестри, но кога дојдовме до возилото мајка ми веќе беше мртва изјави за Глас на Истра Ѓани Клај.
Весникот наведува дека оваа жена не е прва жртва на неораганизираниот здравствен систем во овој приморски град.
Пред две години во сличен случај, кај жена во прединфарктна состојба интервенерила само медицинската сестра и возачот кој стигнале без медицинска опрема бидејќи лекарот бил на друга интервенција. Граѓаните и туристите на овој познат туристички град на хрватското крајбрежје се уплашени ваков немил настан да не се повтори и во иднина.