https://www.youtube.com/watch?v=C8hgFBdrqTk
Седум лица се убиени утринава во Техеран во Парламентот на Иран и во мавзолејот Хоменини, основач на Исламската република Иран. А во тек е и заложничка криза во Парламентот.
Во мавзолејот една жена се разнела со експлозив и пет лица биле ранети.
Во Парламентот вооружени лица отвориле оган и раниле три лица а безбедноста на институцијата деактивирала бомба.
Еден пратеник на иранската ТВ изјавил дека тројца мажи влегле во Парламентот со пушки и пиштоли.
Шиитскиот Иран му дава воена помош на сирискиот режим и ја поддржува исто така ирачката влада во борбата против џихадистичките групи. Во последните години иранските власт во повеќе наврати тврдеа дека уапсиле терористи кои сакале да го нападнат Техеран.
Не се знае дали нападите се поврзани, а како што објави агенцијата Амак, блиска до џихадистите, одговорноста ја презеде Исламската држава.




