НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО: Да се стопираат плановите за Ски центар и автопат на Галичица

0
By Нова ТВ on June 7, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

УНЕСКО го објави извештајот за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства, во кој состојбата на Охрид е оценета како се поранлива, а главна причина за можната деградација се предвидените инфраструктурни проекти. Македонија има две години да го спаси своето единствено светско природно и културно наследство.

– Нема веќе никакво сомневање дека таканаречените развојни проекти ќе донесат уништување на вредностите на Охридскиот регион, поради кои е прогласен за УНЕСКО подрачје, вели Александра Бујароска од „Фронт 21/42“.

И во извештајот на УНЕСКО се бара од македонските власти да ги разгледаат опциите за еко-туризам, а плановите за ски центар и автопат да ги стопираат веднаш и напуштат засекогаш:

„Мисијата во 2017та заклучи дека дел од предложените големи инфраструктурни и градежни проекти (….) ќе доведат до неповратни промени во заштитеното подрачје. (…)“. Мисијата на УНЕСКО, која го посети Охрид во април годинава, одлучно препорачува да не се менуваат постоечките зони на заштита во Националниот Парк „Галичица“, се вели во извештајот.

Од Фронт 21/42 велат дека три години се борат укажувувајќи на незаконитоста на помената на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“,што упорно е игнорирано од Националниот парк и сите надлежни, а поднесена е и иницијатива за преиспитување на нејзината уставност во Уставниот суд во февруари оваа година.

Тие исто така бараат од Европската банка за обнова и развој, МЕПСО и сите останати потенцијални инвеститори да ги пренасочат средствата кон проекти за еко-туризам.

УНЕСКО и дава на Македонија две години да ги исполни новите обврски наведени во извештајот, како и оние од 2016., кои нашата држава се уште не ги исполнила.

Обврските вклучуваат итни мерки за запирање на деструктивните планови, усвојување на Планот за управување со Охридскиот Регион, комплетирање на стратешка оцена на кумулативното влијание на сите проекти врз животната средина во подрачјето, алтернативна рута за железничката пруга до Албанија, итн. Доколку не се реализираат, пораката е јасна: во 2019 ќе бидат исполнети критериумите за ставање на Охрид на листата на „Светско наследство во опасност“.

Од Фронт 21/42. укажуваат дека Охрид има врвни и уникатни вредности кои може и треба да ги понуди на светскиот пазар, како што е исклучително богатиот жив свет по кој е познат во целиот свет, а за што битна улога има Студенчишко блато.

Тие сметаат дека е вистинскиот момент Владата да ја финализира процедурата за прогласување на Студенчишко блато за Споменик на природата, но и да предложи тоа да се најде на листата на Рамсар конвенцијата за заштита на водни живеалишта.

Тие денеска испраќаат иницијатива до новиот министер за животна средина да започне со постапката за номинирање на Охридско езеро и Студенчишко блато за Рамсар подрачје.

Според Фронт 21/42, новата Влада и Парламент треба формално да ги стопираат деструктивните планови, а веднаш потоа да обезбедат спроведување на Законот за управување со Охридскиот регион и изготвување и спроведување на Планот за управување со регионот, кој го налага овој закон. Планот, со соодветна оцена на влијанието врз животната средина, го бара и УНЕСКО во последниот извештај.

За оваа цел и ја организираат кампањата „Едно е! Вредно е!“, во рамките на која веќе воспоставиле конструктивна комуникација со Парламентот.

Заедничкиот настан со парламентарците, Фронт 21/42 го најавува за 21 јуни, денот на Охридското езеро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.