Турските власти го задржаа локалниот претседател на организацијата „Амнести интернешнал“ Танер Килич поради наводни врски со мрежата на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за организирање на обидот за преврат што се сличи во земјата во јуни минатата година, соопшти организацијата за заштита на човековите права.
Турската полиција го задржала Танер Килич и други 22 адвокати во округот Измир поради наводни врски со движењето на Ѓулен – ФЕТО.
Килич е упасен во неговиот дом во Измир вчера наутро пред да замине на работа. Во неговиот дом и канцеларијата е извршен претрес. Властите денеска уапсиле 60 војници и издале налог за апсење на уште 128 луѓе.
Турските власти по обидот за државен удар што се случи на 15 јуни минатата година, уапсија над 40.000 лица, а над 100.000 беа отпуштени или отстранети од должност.




