Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши заложничката драма во Техеран: Во два напади, 12 убиени

0
By Нова ТВ on June 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 7, 2017 15:05

https://www.youtube.com/watch?v=oOl3gvcfJA4

Најмалку 12 лица се убиени, а десетина се ранети во два напади во Техеран, објави иранската државна агенција Ирна повикувајќи се на неименуван ирански функционер.

Во меѓувреме заврши заложничката криза во Парламентот, а безбедносните сили проверуваат дали во зградата има бомби.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламската држава, преку агенцијата Амак, која се смета за блиска до џихадистите.

Прво група вооружени упаднале во зградата на Парламентот и почнала да пука, а набрзо потоа се случил и нападот во мавзолејот на Ајатолахот Хомеини.

Вооружените мажи прво пукале во обезбедувањето на Парламентот, при што според извештаите убиен е еден од чуварите, додека друг е ранет.

Веднаш потоа, нападот во  Парламентот се претвори во заложничка криза кога напаѓачите зеле 4 лица како заложници и ги однеле на повискоите катови. По повеќечасовна акција, заложниците се ослободени.

Иранските медиуми објавија дека припадниците на специјалните сили во зградата на Парламентот убиле четворица напаѓачи, иако првобитно беше објавено дека еден од напаѓачите се разнел со бомба внатре во зградата, но оваа информација официјално не е потврдена.

Телевизијата Ирна објави дека безбедносните сили сега ја проверуваат зградата.

Агенцијата Ириб истакнува дека напаѓачите во зградата на Парламентот биле вооружени со „калашников“, а еден носел и пиштол.

Агенцијата Фарс претходно јави дека во нападот на Парламентот рабнети се две лица.

Речиси во исто време со нападот на Парламентот, четири лиц извршија напад во мавзолејот на Ајатолахот Хомеини, лидерот на Исламската револуција во 1979 година.

Според иранската државна телевизија, еден од напаѓачите бил убиен од чуварите, а еден се разнел со бомба.

За бомбашот самоубиец се појавуваат контрадикторни информации. Додека агенцијата Ирна јави дека се работи за маж, Фарс тврди дека е жена.

Засега не се познати ниту идентитетите, ниту мотивите за нападите, ниту али меѓу убиените се сметаат и напаѓачите.

Иранското Министерство за разузнавачки работи соопшти дека денешните напади се дело на терористичка група.

-Утрово две терористички групи ги нападнаа Парламентот и Мавзолејот на Хомеини. Членовите на третата група се уапсени пред да го извршат нападот, соопшти Министерството.

Улиците на Техеран се блокирани од стотина полицајци, метрото е затворено, а на новинарите им е забранет пристапот до Храмот на Хомеини.

Министерот за внатрешни работи Абдулрахман Фазли свика специјален состанок на Безбедносниот совет на Иран.

Иран, во која доминантно население се шиитите со години помага во Ирак и на режимот во Сирија во борбата против сунитските екстремистички групи.

Исламистите во март објавија видео на персиски јазик со предупредување до актуелната власт дека ќе го освојат Иран и повторно ќе го претводат во сунитска муслиманска нација како што бил некогаш.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.