И власта и опозицијата во Албанија прогласија победа на вчерашните парламентарни избори веднаш по затворањето на гласачките места, а официјални резултати се очекуваат дури денеска.
Изборите поминаа со жртви и насилство- еден човек беше убиен, а двајца беа ранети во пукање на едно гласачко место во градот Лач.
Убиен е контролорот на албанското Социјалистичко движење за интеграција, а тројца други се повреден во престрелка во близина на избирачко место во една гимназија во градот Лач.
Еден од ранетите е кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша, а до пукање дошло по конфликтот меѓу приврзаниците на Демократите и на опозициското Социјалистичко движење за интеграција на Еди Рама.
Беше нападната и екипата на тиранската телевизија Топ-Чанел која го следела изборниот процес во албанскиот град Лач.
Новинарката Арта Бериша информира дека физички бил нападнат нејзиниот снимател Лорик Бајрами на кого му била искршена камерата.
Инцидентот се случил на едно од гласачките места каде група на луѓе им се заканувале на гласачите дека нема да може да гласаат ако се за левицата.
Новинарската екипа го снимила инцидентот по што биле нападнати. Полицијата веќе ги идентификувала напаѓачите.
Изборите ги следат обвинувања за купување на гласови и низа неправилности предизвикувајќи стравувања од повторување на изборите како во 2009-та кога заврши со политичка криза.
Еден ден пред гласањето, Централната изборна комисија остана парализирана, без напредок во обид да замени три од седумтте члена на Комисијата.
Членовите поднесоа оставка во април во текот на еден спор меѓу владејачката коалиција на конзервативниот премиер Сали Бериша и опозицијата предводена од социјалистите со Еди Рама.
На изборите гласаат 3.200.000 луѓе, а за законодавниот дом се бораат 140 пратенички кандидати.
По изборите би можело да се утврди дали една од најсиромашните земји во Европа ќе покаже зрелост за приклучување кон Европската унија, што беше и предупредување од страна на Унијата- мора да се исполнат меѓународните стандарди ако Албанија сака да ги започне пристапните разговори за членство во Унијата.