Медиумски екипи и неколку добронамерници се сместија рано утрово на студените улици пред болницата Преторија, каде поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела сега е во критична состојба, јавува Си-Ен-Ен.
Вознемирената нација бдееше ноќеска и се молеше за оздравување на 94.годишната политичка икона.
Во текот на викендот, здравјето Мандела се влоши, и канцеларијата на претседателот на Јужна Африка соопшти дека во неделата Мандела беше во критична состојба.
Тој е хоспитализиран во Преторија од 8 јуни, за инфекција на белите дробови. Претходно, властите ја опишаа неговата состојба како сериозна, но стабилна.