Евангелос Венизелос, лидерот на Социјалистичката партија на Грција е новиот политичар кој ќе биде директно одговорен за преговорите со Македонија.
Во најновите преговори во грчката влада, која поради затворањето на државната телевизија ЕРТ се соочи со сериозна криза, се одлучи Венизелос да стане нов вицепремиер и министер за надворешни работи.
Досегашниот шеф на дипломатијата пак, Димитрис Аврамопулос ќе стане нов министер за одбрана.
Според неофицијални најави, нов член на грчката влада треба да стане и братот на Дора Бакојани, поранешниот министер за надворешни работи на Грција.
Новата реконструирана грчка влада треба да даде заклетва во текoт на утрешниот ден.