Речиси 47 милиони Французи денеска гласаат во првиот круг од парламентарните избори. Партијата на претседателот Мануел Макрон „Република во движење“ е на прагот да освои една третина од гласовите што во вториот круг за една недела би можело да му донесе огромно мнозиннство, покажуваат најновите анкети.
Во денешниот прв круг можно е, за првпат по 60 години, да бидат поразени и левицата и десницата. Според анкетите, центристичката партија на претседателот Макрон би можела да освои 30 проценти од гласовите.
Аналитичарите во вториот круг му даваат огромно мнозинство на Макрон.
Макрон ги повика гласачите да му дадат силен мандат за да го реформира пазарот на труд, чии строги правила за вработување и отпуштање ја ограничуваат економијата, според многу експерти. Претседателот беше министер за економија во претходната социјалистичка влада и започна воведување на реформи, предизвикувајќи масовни демонстрации минатата година.
Далеку зад партијата на Макрон е конзервативната партија на Републиканците и нивните сојузници, кои би можеле да бидат главната опозициска сила.
Според предвидувањата крајната десничарска партија Национален фронт според предвидувањата би можел да освои 17 до 18 отсто во првиот круг.
За апсолутно мнозинство во Парламентот потребно е партијата да освои 289 од 577 места. За партијата на Макрон се предвидува дека би можела да освои дури 400 места.
Околу 66.500 гласачки места низ цела Франција ќе бидат отворени до 20 часот. За безбедноста за време на изборниот процес ќе се грижат 50 000 полицајци.
Изборите веќе с еодржаа на прекуморските француски територии.




