Претседателот на САД Доналд Трамп следната недела ќе го посети Мајами каде најави дека ќе објави нова политика кон Куба, односно ќе ги зајакне рестиркциите кон оние кои патуваат кон островот, објави Политико.
Ова беше предизборното ветување на Трамп дека ќе ги укине сите промени на бившиот претседател на САД Барак Обама во односите со Куба.
Не се познати деталите за тоа што Трамп сака да направи, но се очекува неговата одлука да ги содржи ставовите што ги промовираат двајцата сенатори Марк Рубио и Мариа Диаз баларта кои се залагаат за ембарго и се оптворено против Кастро, пренесува порталот.
Администрацијата на Обама го покрена процесот на нормализација на трговските и дипломатските односи со комунистичката влада на Куба во декември 2014 година.
Во 2015 година отворена е амбасада на САД во Куба.
Обама е првиот претседател на САД кој ја посети Куба за последните 90 години.
Односите меѓу САД и Куба беа прекинати во 1961 година. Во Мајами живее бројна кубанска дијаспора.




