Централната изборна комисија на Косово, ЦИК, соопшти дека до 15 часот оѕивот на гласачи бил 27,75 отсто.
-Од седум часот кога беа отворени гласачките места, па се до 15 часот правото на глас го оствариле 504.046 гласачи, односно 27,75 отсто од вкупниот број гласачи запишани во единствениот избирачки список,-соопшти комисијата.
Гледано по општини најголема излезност има во општините со мнозинско српско население.
Во општина Штрпце одѕивот е 45 насто, Зубин поток 43, во Ново Брдо 34 и Лепосавиќ 34 отсто. По српските општини следува Приштина со 33 проценти излезност, па Дечани,Гњилане и Подуево по 29 отсто.
Споредено со одѕивот на гласачи на изборите во 2014 година, до 15 часот, овој пат е поголем. Тогаш гласале 435.657 или 26.66 отсто од вкупниот број гласачи.
Гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.




