До 17 часот, еден час пред затворањето на најголемиот број од гласачките места во првиот круг од парламентарите избори во Франција гласале 40,75 отсто од гласачите, јавува дописникот на МИА од Париз.
Мобилизацијата на избирачите е многу послаба во споредба со последното гласање за парламентарните избори, имено при првиот круг во 2012 година во истиот период на денот на гласањето гласаа 48,31 отсто гласачите.
Гласањето ќе трае до 20 часот во најголемите француски градови, додека останите гласачки места ќе бидат затворени во 18 часот.
Првите резултати ќе бидат познати во 20 часот, но сите анкети покажуваат дека канидатите кои се претставуваат под боите на движењето на Емануел Макрон ќе се најдат во вториот круг од изборите.
За 577 пратенички места се борат 7882 канидати, или просечно по 14 кандидати за секое пратеничко место. Меѓу каниддатите 3344 се жени, односно малку повеќе од 42 отсто од сите канидати, а 4538 се мажи.
За годинашниве парламентарни избори бројот на кандидатите е поголем за 1300 во споредба со последните парламентарни избори во 2012 година.
На ови избори околу 40 отсто од досегашните пратеници не се кандидираа за нов мандат.
Во вториот круг на парламентарните избори во Франција, можат да учествуваат само кандидатите кои при првиот круг освоиле над 12,5 отсто од гласовите од запишаните избирачи во нивната изборна единица




