Седумдесет и шест годишниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони е прогласен за виновен по обвиненијата за секс и корупција.
Актуелниот претседател на фудбалскиот клуб Милан е обвинет на седум години затвор, а забрането му е извршување на политичка функција во очекување на жалбата.
Берлускони беше под сомнение дека исплатил големи финансиски средства за сексуалните услуги на мароканката Карима Ел Махруг во 2010 година додека таа имала 17 години, како и дека ја злоупотребил својата функција како премиер, да ја ослободи од полициски притвор.
Сепак, би можело да поминат месеци па дури и неколку години пред тој да почне да ја служи казната, бидејќи поранешниот премиер има право да поднесе жалба на пресудата два пати пред таа да стане конечна.
Берлускони е веќе вмешан во неколку правни битки со италијанските судови. Во октомври 2012 година, му беше издадена четири-годишна затворска казна за даночна измама, која беше потврдена по првата жалба.