Дали новиот американски претседател Доналд Трамп навистина ја спречувал истрагата во скандалот со мешањето на Русија во изборната кампања во САД?
Ова е прашањето врз кое ќе се фокусира новиот независен обвинител Роберт Мулер, екс шеф на ФБИ.
Личниот адвокат на Трамп, Марк Касовиц, вчера соопшти дека според него протекот на информациите од ФБИ во однос на Трамп е “скандалозно и нелегално”, протекот на информации што му дозволил на Вашингтон Пост да објави дека обвинителот Мулер сега ќе истражува за улогата на претседателот во рускиот скандал.
Во моментов Мулер ги повикува на распит високите функционери на разузнавачките служби на САД за да открие дали Трамп се обидувал да ја сопре или блокира истрагата. Ова проширување на истрагата е “вистински пресврт”, како што вели Вешингтон Пост. Весникот додава дека истрагата трага по евентуални финансиски престапи кај соработниците на милијардерот Трамп.
Мулер повика оваа недела на распит петмина високи функционери на разузнавањето. Тројца прифатија да одговорат на повикот – Даниел Коутс, директор на разузнавањето, Мајк Роџерс, директор на НСА и неговиот екс заменик Ричард Леџет.
Обвинителот Мулер се интересира пред се за настан што се случил на 22 март годинава кога Трамп побарал да се интерверенира кај Џејмс Коми за да се сопре истрагата за вклученоста на Мајкл Флин, екс советник за национална безбедност на Трамп, во руската афера.
Коми беше шеф на ФБИ за се почетокот на мај кога беше разрешен од оваа функција.




