Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За животот се работи!

1
By Менче Атанасова Точи on June 15, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 15, 2017 12:14

Се сеќавам, како да беше вчера, на еден пеколно жежок ден кога заедно со пациентите со хронична миелоична леукемија чекавме да добијат одговор од директорката на Клиниката за хематологоја, зошто им го менуваат лекот. Триесеттина болни, вознемирени и загрижени за нивното здравје кога разбрале дека на тендерот е избран поевтиниот лек кој е копија на оригиналниот, три и пол часа чекаа на горешините да ги прими директорката, бидејќи како што им рече, не биле  претходно најавени. Останаа на улица каде што попаѓаа од горештините. Тоа беше точно пред четири години.

А, десет години овие луѓе водеа битка да го добијат неопходниот лек кој за првпат беше откриен во април 2001 година. Во Македонија болните го добија дури во 2011 година. Колку животи можеа да се спасат во тие десет години.И кога се навикнаа на лекот, надлежните одлучија цената да биде пресудна на тендерите, а не квалитетот. Така навлегоа паралелните лекови, копии кои се произведуваат во земји без стандарди и без одобрение од  Европската агенција за лекови.

Залудни беа молбите и солзите на болните дека тој, оригиналниот лек им е потребен како воздухот што го дишат, да не им го менуваат за поевтини, непроверени лекови. Тендерот заврши, лековите се најдоа во аптеките. Никој не ги праша пациентите дали и како ги поднесуваат. Дали има ефект лекувањето. Поранешниот министер за здравство Тодоров не сакаше да разговара со нив.

Да, во изминатите години се кратеше многу од парите во здравството. Се набавуваа најевтините лекови кои живот значат или пак, пациенти беа оставани  без неопходната терапија.

Една година подоцна повторно се собраа дваесетина пациенти да укажат на тоа дека на нив не им делува лекот кој е на позитивната листа. Овие луѓе беа оставени без терапија, полека да умираат. Си продаваа возила, станови за да си го продолжат животот за некој месец. Многу од нив почина. Во меѓувреме се зголеми бројот на заболени од овој тип на леукемија.

И еве сега, три години подоцна, четириесетина луѓе повторно бараат да го добијат истиот лек кој е втора или трета линија во лекувањето. Од здружението алармираа до новиот министер за здравство Арбен Таравари да им овозможи достапност до лекот, зашто тие се најобесправените луѓе во светот. Каков апсурд, тоа се болни однапред осудени од здравствениот систем да умрат. Тоа се најтешко болни без право на лекување, луѓе без право на глас, без право на живот. Возрасни и деца што полека, тивко умираат.

И тука веќе не се работи за фармацевстки компании кои агресивно се борат за пазарот. Колку и да им е големо влијанието, да зборуваме дека се е бизнис,  тоа не може да ја намали важноста од потребата на најтешко болните за терапија која значи живот. Зошто да бидеме последни во светот, на дното на листата заедно со некои африкански земји каде што болните немаат достапност до терапија? А, светот знае и го гледа тој геноцид.

Разбрав и дека Македонија е влезена во тесниот круг на земји каде што е можно идната година да се одржи Собир на сите здруженија на пациенти од леукемија во светот. Што ќе им кажеме кога ќе дојдат? Дека нашите пациенти умираат бидејќи државата не сака да им обезбеди лекови? Срамно, понижувачки, дискриминаторски и жално!

И еве неколку дена откако е поставен министерот Таравари јавно преку Фејзбук им закажа средба на пациентите. Добро е, така и треба. Но, од добра воља за средба, до можност за реално решавање на проблемот има разлика. Затоа да не се залетуваме. Речиси два милиона евра ќе требаат годишно за овие четириесет луѓе да бидат покриени со терапија.

Министерот треба да знае и умее да ги обезбеди овие средства доколку нема доволно пари во буџетот. Да се бори и гребе за своите пациенти. Дали тоа  ќе биде од зголемување на акцизите на тутунот, од алкохолот или нешто сосема трето, не е важно. Најважно е да им овозможи право на лекување. И тоа што побрзо. За животот се работи!

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.